Bojana Blagojevic 

Бојана Благојевиќ

адвокат

 

Бојана Благојевиќ е од Тетово, Р.Македонија. Во 2010 ги заврши правните студии на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје на Универзитет Св.Кирил и Методиј. Во 2013 година ги завршува постдипломските студии исто така на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје, Отсек трговско право. Постдипломските студии ги завршува со успешна одбрана на магистерската тема во областа на Франшизата и Договорот за франшиза во домашното и меѓународното право.

Во 2013 година ја има започнато својата кариера како адвокатски приправник во Адвокатското друштво Даути и Симјаноски од Тетово.

Во 2014 година има положено Правосуден испит и продолжува да работи како Адвокатски Соработник на Адвокат Александар Симјаноски се до Април, 2019 година.

Во Април, 2019 година се стекнува со адвокатска лиценца.

Денес работи како Адвокат во Адвокатската Канцеларија Симјаноски на Адвокат Александар Симјаноски во Тетово.

Нејзиниот постојан ангажман и работа е во областа на граѓанското и трговското право, особено на договорното право, трудово право и работни односи, осигурување и реосигурување, стварно право, интелектуална сопственост.

Кореспондира на Македонски, Англиски и Германски.