Печати

Aleksandar Simjanoski

Александар Симјаноски

 

Адвокат Александар Симјаноски во текот на 2004 година, успешно ги завршил Правните студии на Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје.

Во Јули 2016 со успешно завршување на пост-дипломските студии на Правен факултет Јустинијан Први на Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје се стекнува со звање Магистер на правни науки во областа на Деловното Право. Во Ноевмри, 2017 година со успех  ги завршува и Магистерските студии по Интелектуална Сопственост Двојна Диплома помеѓу Правен факултет  Јустинијан Први на Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје и Центарот за Интелектуална Сопственост при Универзитетот во Стразбург, Франција. 

Во Периодот од 2005 до 2007 работел како Судски координатор во Основен Суд Тетово на Проектот за модернизација на Судството во Р.Македонија, проект на USAID и DPK Consulting, при што се стекнал со искуство и знаења за работење на проекти. 

Адвокатот Александар Симјаноски во текот на 2007 година, отвора своја сопствена адвокатска канцеларија како еден од најмладите адвокати кои самостојно отвориле канцеларија. Успешно ја менаџира оваа канцеларија се до моментот кога се појавува идејата заедно со неговиот млад и успешен колега Мерџан Даути да го основаат Адвокатското друштво Даути и Симјаноски.

Aдвокатот Александар Симјaноски покрива широк правен спектар, и тоа во следниве области на правото: Трговски спорови, Разводи, Имотно-правни и наследни спорови, Работни спорови, Должничко-доверителски спорови.

Постојаниот ангажман на Г-дин. Александар Симјаноски покрива широка област на правото. Стопански спорови, Разводи, Оставина и Имотни спорови, Работни Спорови, Наплата на долгови и заштита и регистрација на правата од Индустриска сопственост.  Во изминативе години успешно застапува агенции за наплата на побарувања, осигурителни компании, банки особено во споровите за надомест на штета и должничко-доверителски спорови.

Јазици за комуникација: Англиски, Српски, Хрватски и Албански јазик.

Bojana Blagojevic

Бојана Благојевиќ 

 

Бојана Благојевиќ е од Тетово, Р.Македонија. Во 2010 ги заврши правните студии на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје на Универзитет Св.Кирил и Методиј. Во 2013 година ги завршува постдипломските студии исто така на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје, Отсек трговско право. Постдипломските студии ги завршува со успешна одбрана на магистерската тема во областа на Франшизата и Договорот за франшиза во домашното и меѓународното право.

Во 2013 година ја има започнато својата кариера како адвокатски приправник во Адвокатското друштво Даути и Симјаноски од Тетово.

Во 2014 година има положено Правосуден испит и продолжува да работи како Адвокатски Соработник на Адвокат Александар Симјаноски се до Април, 2019 година.

Во Април, 2019 година се стекнува со адвокатска лиценца.

Денес работи како Адвокат во Адвокатската Канцеларија Симјаноски на Адвокат Александар Симјаноски во Тетово.

Нејзиниот постојан ангажман и работа е во областа на граѓанското и трговското право, особено на договорното право, трудово право и работни односи, осигурување и реосигурување, стварно право, интелектуална сопственост.

Кореспондира на Македонски, Англиски и Германски.